Малверзации во РЕК Битола

Bez autora
Feb 17 2011

Малверзации со тендерите, потпишани договори со фирми но без да се внесат суми - ремонтот на блоковите во РЕК Битола - наместо планираните три милиони евра, чинел 7 милиони евра. Што стои во кривичните пријави за 12-те директори од битолската централа. За браваро-заварувачки работи, наместо 225 денари се плаќало 725 денари. Ремонтот на првиот блок траел цели 66.439 часа подолго од планираното. Надворешни фирми носеле двојно повеќе механизација и работници од дозволеното и на тој начин финансиски се оштетувал комбинатот. Фирмата Металец, донела 150 проценти повеќе работници отколку што требало, фирмата Марковски наместо 40 носела 81 работник или 100 проценти повеќе, а од Пелистер се носеле 70 проценти повеќе работници.

Малверзации во РЕК БитолаМалверзации со тендерите, потпишани договори со фирми но без да се внесат суми - ремонтот на блоковите во РЕК Битола - наместо планираните три милиони евра, чинел 7 милиони евра. Што стои во кривичните пријави за 12-те директори од битолската централа.

- За браваро-заварувачки работи, наместо 225 денари се плаќало 725 денари.

- Ремонтот на првиот блок траел цели 66.439 часа подолго од планираното.

Надворешни фирми носеле двојно повеќе механизација и работници од дозволеното и на тој начин финансиски се оштетувал комбинатот.

- Фирмата Металец, донела 150 проценти повеќе работници отколку што требало, фирмата Марковски наместо 40 носела 81 работник или 100 проценти повеќе, а од Пелистер се носеле 70 проценти повеќе работници.

Фирмите се заканиле со тужби ако не им бидат исплатени парите за завршената работа. Некои почнале со судски спорови.

За да се надмине состојбата - се одело со непосредно договарање со фирмите, се склучувале и анекс договори - но повторно се направени грешки, што е показател дека веќе никој не знаел како да дојде до решение, стои во кривичните пријави.

И додека Коњановски тврди дека не знаел за случувањата, во кривичните пријави пишува дека токму стручниот колегиум на РЕК Битола, бил известен за фактурите со поголем износ од дозволеното и за одговорните лица што тоа го толерираат.

За целата ситуација, бил информиран и директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, се викале директори на отчет директори, во 2008 година имало и внатрешна контрола која утврдила дека финансиските пречекорувања изнесуваат околу 8,6 милиони евра..дури лани беа поднесени кривични пријави за 12 -те директори, но воопшто не им беше одреден притвор иако апсења имало и за помали суми.

Директорите од РЕК Битола сеуште се на своите работни места.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik